еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мирно заврши протестот против „францускиот предлог“, дел од демонстрантите ќе спијат во шатори

Не за францускиот предлог и за ултиматуми, не за менување историја и на учебници, се дел од пораките од протестниот марш под мотото „Ултиматум, не благодарам“ што вечерва заврши пред Собранието.

Пред Парламентот некои од учесниците во протестот поставија шатори и најавија дека ноќта ќе ја поминат таму.

Протестот почна пред Владата, продолжи кон Министерството за надворешни работи, по што учесниците во протестот се упатија пред Собранието.

– Не, не, не….. Слободна ја сакаме, не сакаме протекторати. Не за францускиот предлог. Ова се историски моменти, се бориме за нашата држава. Ние сме горди Македонци и тоа така ќе остане. Оставка од Владата, порачаа граѓани кои учествуваа на протестот.

Ги повикаа сите млади да се приклучат на протестите и порачаа дека младите нема немо да стојат и да бидат, како што рекоа, неми набљудувачи.

– Активно ќе бидеме вклучени, да кажеме НЕ на францускиот предлог. Ние младите ќе бидеме водачи на овие процеси, порачаа на вечерашниот протест.

На протестниот марш беа и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членови од оваа партија.

На прашање од бугарска новинарка што ќе ѝ каже утре на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, Мицкоски одговори:

–Дека ова е Македонија и македонски народ со своја традиција, македонски народ, кој има своја култура и говори на македонски јазик.

Демонстрантите, на вечерашниот протест, поставија и гилотина пред Собранието.

Утре, како што беше најавено вечерва, протестот ќе почне во 12 часот, пред почетокот на собраниската седница, на која ќе се расправа за францускиот предлог.

МИА/еМагазин/Фото: Фејсбук/Мицкоски/Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партиите ќе не „малтретираат„ уште два дена: Од утре на полноќ предизборен молк

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 104 лица, приведени 76

Редакција

(Видео) Компанија на Илон Маск вгради мозочен чип кај човек

Редакција