Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 5 % и изнесува 5.597 живородени деца.
Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2018 година бележи зголемување од 9.1 % во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 5.405 лицa, а од нив 48 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 192, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 6.4 % во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 3.261 брак.
Во ова тримесечје се добиени 442 извештаи за разведени бракови.