еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Егзотичните острови Бахами и Бермуди меѓу петте најголеми странски инвеститори во земјава

Бермудите и Бахамите се најдоа на листата пет најголеми странски инвеститори во земјава во 2018 година.

Податоците на Народната банка покажуваат дека од вкупниот износ од 624 милиони евра странски инвестиции од Бермудите влегле 36 милиони евра, а од Бахамите 31 милион евра со што овие егзотични држави ги зазедоа четвртото и петтото место на листата најголеми странски инвеститори.

Прва на листата е Велика Британија со инвестирани 113 милиони евра, втора е Германија со инвестирани 38 милиони евра, а трета Турција со 36 милиони евра.

Бермудите и Бахамите важат за земји кои порано биле засолниште за пиратите, а денес за даночни раеви кои служат за перење пари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната каматна стапка на кредитите во јануари зголемена, кај депозитите намалена

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од „Жито Полог“ за 74.000 евра

Редакција

И рускиот министер Лавров сака да дојде на Самитот на ОБСЕ во Скопје

Редакција