еМагазин
Image default
Бизнис

Во Комерцијална банка сефови имаат 4.700 граѓани

Заклучно со 31.12.2018 година во Комерцијална банка има 4.700 активни сефови на физички лица, наспроти 4.695 активни сефови на 31.12.2017 година, покажува годишниот извештај на банката објавен преку Македонската берза.

Бројот на активни сефови на клиенти – правни лица изнесува 109 и истиот е намален за три во однос на декември 2017 година.

„Во текот на 2018 година е реализирана набавка и монтажа на граѓански сефови и нов тип на брави за истите во четири филијали на банката, што резултираше со зголемување на бројот на изнајмени сефови за физички лица во филијалите. Исто така, реализирани се активности околу ревидирање на договорот за соработка со надворешната агенција за обезбедување, во насока на подобрување и проширување на безбедносните постапки и активности.

Во соработка со засегнатите сектори се започнати активности околу редефинирање на постапките за дислокација на трезорското работење во услови на кризни ситуации и вонредни состојби“, се вели во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Плати и надоместоци од 826.000 евра за членовите на Управниот одбор на Комерцијална банка

Комерцијална банка оствари добивка од 28,9 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преполовен прометот на Македонската берза во октомври

Редакција

Топ-пет акции на Македонската берза со најголем пораст и пад на вредноста

Редакција

Кои се новите членови на Одборот на директори на Раде Кончар-Апаратна техника

Редакција