еМагазин
Image default
Македонија

Османи потврди дека постои иницијатива Секретаријатот за Рамковниот договор да стане министерство

Вицепремиерот Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање, денеска потврди дека постои иницијатива Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор да прерасне во министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

-Законодавниот дел од Рамковниот договор е исполнет со донесување на Законот за употреба на јазиците и сега повеќе размислувањата и фокусот треба да бидат на имплементација на законските решенија, на духот на Договорот и новите договори што ги имаат потпишано државата, но и на односот меѓу заедниците, рече Османи.

Според него, нема да има вработување на нов кадар доколку Секретаријатот за Охридскиот договор прерасне во министерство, туку само ќе се префрли досегашниот кадар со кој тој располага.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелациски суд: Возачот што ја усмрти Фросина доби помала казна, оти ја призна вината

Редакција

Нови 166 заболени од Ковид-19 од 1.756 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција

Русковска: Мијалков не може да помине граница пасошот му е одземен, не знам дали има други патни исправи

Редакција