Денешното рочиште за случајот „Тревник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е одложено за 29 март поради отсуство од здравствени причини на првообвинетот Драган Павловиќ Латас.
Неговата адвокатка Анита Бегова до судот достави лекарска потврда дека Латас е на боледување поради воспаление на средно уво.
Во случајот „Тревник“ обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково.
Според СЈО, обвинетите изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без одобрение за градење.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.