еМагазин
Image default
Бизнис

„Хотели – Метропол“ оствари добивка од 30,4 милиони денари

Приходите од работењето на „Хотели – Метропол“ АД Охрид за 2018 година изнесуваат 197.306.000 денари и истите гледано споредбено со 2017 година се зголемени, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Од овој приход на основната дејност на фирмата отпаѓаат најголем дел, односно 195.823.000 денари што покажува зголемување за 21% во однос на 2017 година, исто така останатите приходи во износ од 1.483.000 денари се зголемени во однос со истите од минатата година. Финансиските приходи се намалени во однос на 2017 година и изнесуваат 2.584.000 денари.

„Хотели – Метропол АД Охрид во 2018 година оствари позитивен финансиски резултат остварувајќи нето добивка од 30.498.000 денари и истата е зголемена споредено со деловната 2017 година“, соопшти компанијата.

Фото: Хотели Метропол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бато енд дивајн“ го доби тендерот на Царинската управа за набавка на акцизни марки вреден 1,4 милиони евра

Редакција

Официјално од МВР: Македонските граѓани може да влегуваат во Грција

Редакција

„Макпетрол“ повторно избран за најпосакуван работодавач

Редакција