Централното Собрание на Алијасата за Албанците денеска во Дебар одржа состанок на кој се расправаше по повеќе прашања.
Состанокот се одвиваше без прсуство на медиумите по што изјава даде лидерот Зијадин Села.
– Во Македонија од незавиноста па се до овој момент, никогаш не се одржани коректни и слободни избори. Така беше и на локалните извори. Она што се случуваше на изборите во Струга е доказ дека секогаш имало манипулации на изборите, бидејќи имаше манипулација на гласовите од страна на СДСМ и ДУИ, посочи Села.
Во врска со безбедносната состојба во земјата и судските процеси и пресуди истакна дека тие може да влијаат и на претседателските избори, закажани за 21 април.
– Судскиот процес за настаните од 27 април во Собранието на Македонија против Абдулфета Алими е политички монтиран процес, бидејки тој наместо да биде прогласен како херој доби казна од седум години затвор. Тој мене ми го спаси животот, а се суди затоа што не ги спречил во отварањето на вратите сторителите кои денеска се амнестирани и се на слободна, рече Села во врска со судскиот процес за настанате од „27 април“ и пресудата на Алими.
Села изјави дека централното Собрание, за кандидат на Алијансата за Албанците за градоначалник на Дебар на локалните избори на 21 април, го избрало д-р Арбен Аголи, познат дебарски педијатар, кој претходно доби подршка и од органите на огранокот на партијата во Дебар.
На централното Собрание на партијата се изгласани промени во статутот во врска со зголемувањето на бројот на партиските органи и тела, бидејки, како што рече, има видно зголемување на членството, а поширока дебата се водела околу настапот на партијата на претседателските и локалните избори на 21 април.
Села, исто така нагласи, дека Алијансата за Албанците на претседателските избори ќе го подржи независниот кандидат Блерим Река.
МИА/Фото: Фејсбук/Села
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ