еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието со двотретинско мнозинство го усвои законот за новото министерство

Собранието денеска во рамки на 93-та седница со двотретинско мнозинство ги усвои Законот за Влада и Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се отвора патот на новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Законот што помина во второ читање, предвидува трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Потребата за прераснување на Секретаријатот во министерство, според предлагачите, произлегла од тоа што Рамковниот договор бил веќе надминат, и оти сега ќе се работи на негова имплементација.

Сите надлежности на Секретаријатот се пресликани во Министерството, но, додадени се и нови.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кедев го искачи Макалу 8.485, неговиот девети врв над 8.000 метри надморска височина

Редакција

Кои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласат за уставните измени предвидени со договорот со Грција

Редакција

(Фото) Победничко селфи на Мицкоски и Орбан од Будимпешта

Редакција