еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски: Полициски службеници се контролирани поради информации дека користат опојни дроги

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека е извршена контрола во СВР Тетово со цел да утврди дали се точни информациите со кои располагале дека полициски службеници се корисници на опојни дроги.

– Имаме информации од три извори за користење на опојни дроги и врз основа на сознанијата што сме ги добиле, е направено контролирање на полициските службеници на Институтот за судска медицина со цел да се утврди дали има присуство на опојни дроги и доколку е така, да се преземат одредени мерки.

Ако сакаме да имаме сериозна доверба во полицијата, не е дозволиво да имаме полициски службеници кои се корисници на опојни дроги и кои соработуваат со криминалците кои продават дрога, рече Спасовски од собраниската говорница.

Негираше дека имало театрално носење на полициските службеници на Институтот за судска медицина и најави дека ваквите контроли ќе продолжат и во иднина.

Нагласи дека 2018 била најдобра година во изминатите 10 години во справувањето со трговијата со дрога.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Член на семејството на војводата самиот одлучил да ја промени надгробната плоча за која реагираше бугарското МНР

Редакција

Опомена од Џафери пратениците да доаѓаат на работа, се пожали и на колегите од ДУИ

Редакција

Македонски државјанин тешко ранил жена на патарина Прешево, потоа се самоубил

Редакција