Под името „Western Balkan`s Flash“ денеска се одржа заедничка тактичко-показна вежба на полициите на нашата држава, Република Албанија и Република Косово во касарната Ѓорче Петров, а на која присуствуваа и министерот за внатрешни работи на Република Косово, Екрем Мустафаи и заменик министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Ровена Вода.
„Заедничката показна вежба на специјалните полициски едници на трите земји е најдобриот доказ дека земјите од регионот умеат да испратат вистинска порака за успешна регионална соработка.
Оваа иницијатива покажа дека заедно можеме да развиваме мрежа на соработка, надоградуваме знаења, разменуваме искуства, да ги зајакнуваме стекнатите техники и вештини, како и нивната практична примена во текот на полициското работење, за полесно справување со најголемите предизвици од областа на безбедноста“, рече Спасовски.
Фото/видео: МВР