еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Државата гори: Пожари речиси на целата територија, ситуацијата повеќе од алармантна

Од утринава активни пожари има во Македонска Каменица, Делчевопоширокиот кумановски регион, во село Живиње и над Никуштак, а пожарникарите и понатаму се борат со пожарот околу Преспа.

Гори трска и друга нискостеблеста вегетација во Паркот на природата Езерани во Преспа, пожарот кој вчера го зафати Националниот парк Галичица, направи пустош.

Голем пожар ја зафати и Македонска Каменица. Дирекцијата за заштита и спасување и денес ангажираше свои воздухоплови од Одделението за специјализирани услуги и со тоа го локализираше и стави под контрола и овој пожар. Со тоа потребата за евакуација на населението е надмината, бидејќи постоеше опасност пламени јазици да зафатат и дел од куќите во околината.

Во Делчевско, пак, доцна попладне вчера настанал пожар кај месноста Средна во близина на село Разловци. Таму во гаснењето на пожарот се вклучени екипи на ТППЕ од Делчево и Шумско стопанство.

За страшен пожар јавуваат и пожарникари од резервниот состав кои се вклучени во акцијата за гаснење во близина на село Владимирово. Поради ваквите појави, кои се присутни речиси цел месец, заседаваа и кризните штабови каде се повеќе се потенцира човечкиот фактор како главен предизвикувач на пожарите.

Два пожара се активни на подрачјето во поширокиот кумановски регион, во село Живиње и над Никуштак, информираат надлежните од Територијалната противпожарна единица и од кумановската подружница на „Македонски Шуми“.

Во Живиње, на границата со светиниколско гори нискостеблеста шума, но поради ветерот постои опасност да се прошири и да зафати висока дабова шума.

Се уште гори нискостеблеста дабова шума во липковско, над село Никушатк во месноста „Баре“. Екипите на шумско стопнаство до тринаесет вработени и со помош на дванесет мештани го гаселе пожарот. Вчера, со осум налети со авион се обидувале и надлежните да го изгасат овој пожар.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради пожарите: Забрана за движење во шума и шумско земјиште

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Сведоштво на Македонка која ја напушта Украина со автомобил: „Луѓето се во паника дека ќе немаат храна и бензин, има огромни гужви по патиштата“

Редакција

“Го отстранија Ќосето од пред палатата на правдата, на негово место ќе стават биста на Мијалков“: Твитер реакции за “Титаник 2“

Редакција

Кој е американскиот сентор Берни Сандерс, чии мемиња ги „преплавија“ социјалните мрежи низ светот

Редакција