еМагазин
Image default
Бизнис

„Аутомакедонија“ оствари добивка од 5,3 милиони денари

Групацијата „Аутомакедонија“ АД во периодот 01.01.2018 – 31.12.2018 година оствари позитивен финансиски резултат во износ 5.311.459 денари нето добивка, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Согласно презентираните финансиски резултати за двете последователни години евидентно е намалување на вкупните оперативни приходи за 2% во однос на истиот период претходната година, со намалување на приходите од продажба за 3% и зголемување на останатите оперативни приходи кои во најголем дел се однесува поради промената на категоризацијата од финансиски приходи на останати оперативни приходи.

Намалувањето на приходите од продажба, иако поединечните компании имаат зголемување во тој сегмент, е директна последица на истапувањето на Аутомакедонија АД од содружништво во Европски Возач СИЦ Штип преку продажба на уделите од 56% во 01.2018“, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Аутомакедонија“ го доби тендерот на Македонска радиодифузија за набавка на две теренски возила вреден 57.000 евра

„Аутомакедонија“ го доби тендерот на МАПАС за набавка на две лимузини

Фото: Аутомакедонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општината треба да му исплати повеќе од осум милиони евра на Етеми, ако се откаже изградбата на зградата кај Мајчин дом

Редакција

ЕСМ распиша тендер за проширување на Ветерниот парк Богданци

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од „Макпетрол“ за 2,5 милиони денари

Редакција