СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, информира МВР.
На 26.11.2018 пред дискотека во Тетово, пријавениот упатил закани со пиштол кон лицата А.С. и А.И..
По преземени мерки, полициски службеници го пронашле пиштолот „’Чешка Зборевка’’ и 10 куршуми калибар 9 мм, кои пријавениот ги поседувал со дозвола.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.