Таблата со новото име – Република Северна Македонија, која беше поставена пред Владата ден пред доаѓањето на грчкиот премиер Алексис Ципрас е мал тековен трошок за кој немало потреба од тендер, бидејќи чини 5.000 денари, изјави денеска на прес-конференција, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
Тој најави дека новиот тендер за таблите за сите институции дополнително ќе биде распишан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Владата велат дека македонската химна останува иста и текстуално и инструментално
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.