еМагазин
Image default
Македонија

Дескоска: Нема законска можност за помилувања од Иванов

Постапка за помилување може да се води единствено преку Министерството за правда, од каде, како што велат досега не се стигнати барања за помилувања на осудени лица за настаните во Собранието од 27-ми април 2017 година.

Министерката за правда Рената Тренеска-Дескоска вели дека нема законска можност да се води постапка за помилување од страна на претседателот на државата.

Поијаснува дека постапката за помилување може да се води единствено преку Министерството за правда, имајќи предвид дека нема законска основа за помилување без претходна постапка во ова Министерство.

-Избришан е членот 11 од Законот за помилување кој претходно предвидуваше таква постапка од страна на претседателот, а и со укинувачка одлука на Уставниот суд во 2016 година тој член не е „оживеан“, односно не постои во правниот систем на државава – објаснува министерката.

Втората пречка, како што додава Десксока, произлегува од фактот што се распишани претседателски избори, а во тој период не може да се даваат помилувања.

– Министерството за правда откако се распишани изборите не препраќа никакви предмети за помилување до Кабинетот на пртседателот на државата. Во оној момент кога Државната изборна комисија официјално ќе прогласи дека изборите се завршени ќе може да бидат препратени барања за помилување до Кабинетот на претседателот – вели министерката за правда.

Таа вели дека до овој момент во Министерството за правда не се стигнати барања за помилување на осудени лица за настаните од 27-ми април. Во контекст на тоа додава дека има барања за други предмети, кои чекаат да заврши изборниот процес.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осудени за „27 април“ побарале помилување од претседателот Иванов

Заев не очекува Иванов да даде нова аболиција, овој пат за „27 април“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трајко Славески на чело на партиската Комисија за изработка на идеи за програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Димитров на политичката сцена се враќа со „Солуција“

Редакција

Филипче: Ракавиците не се неопходни за носење ако внимателно се мијат рацете

Редакција