еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) На продажба атрактивен имот од 32.614 квадрати на „Треска Мебел“ во Капиштец

Врз основа на одлуката на Одборот на доверители стечајниот управник на „Треска Мебел“ АД во стечај Скопје објави оглас за продажба на атрактивен имот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање што ќе се одржи на 19. април без утврдена почетна цена.

Се врши прва продажба на недвижен имот на градежни објекти во комплекс на фабриката „Треска Мебел“АД во стечај Скопје кои се наоѓаат на ул. Теодосиј Гологанов бр 130 Скопје Центар со вкупна површина од 32.614 квадрати и проценета вредност од  84.594.050 денари.

Продажбата се врши во целост за сите катастарски парцели. Градежното земјиште не е предмет на продажба.

Минималниот износ за наддавање е 2.500.000 денари.

„Заинтересираните домашни и странски правни и физички лица за купување на наведениот имот се најавуваат преку системот на Е- стечај при Централен регистар на РМ, до стечајниот управник Радосав Кипровски на Е-услуги стечајни постапки e-submit.crm.mk/e-Auktion, дека имаат намера да учествуваат на објавената електронска продажба“, пишува во објавата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата: Се бара оставка на РКЕ

Редакција

За шест месеци Алкалоид инвестирал 490 милиони денари и има 127 нови вработувања

Редакција

(Видео) Илјадници граѓани во Белград им одадоа почит на убиените во училиштето и побараа оставки

Редакција