еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Галерија) Патека за одење боси во Градски парк: Волонтери од Германија направија преубаво катче

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска оствари средба со групата на волонтери од Бон, СР Германија, кои изминатиов период работеа на креирање ново катче и инсталација во првиот дел од Градскиот парк.

Новото катче во Градскиот парк се состои од кружна патека од различни материјали: парчиња од дрво, природни камења, тревник, калдрма, цементирани плочи и други материјали кои ја подобруваат циркулацијата, односно ќе треба да го поттикнуваат движењето, да ги активираат сетилата, а со тоа да даваат и добар здравствен ефект кај децата.

Идејата е децата да газат и да се движат боси, а до самата патека ќе биде поставено и шкафче за чевли. Во средината на катчето ќе биде поставен сончев часовник каде што преку сенката на детето ќе може да се види колку е часот.

Град Скопје и Град Бон соработуваат од 2015 година преку проекти како Ерасмус Плус и „Nice to work with you!“. Соработката се заснова на идејата како Градот Скопје да се промовира во урбаниот туризам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема кој да купи: Непродадени 5.340 нови станови, а се градат уште 11.322

Редакција

Познати бизнисмени и фирми и јавни претпријатија на новата листа на должници на УЈП

Редакција

Украинците во Македонија повикуваат на мирна акција за поддршка на украинскиот народ и држава во борбата против руската воена инвазија

Редакција