еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот на Штип, Бочварски ќе ја обжали одлуката на Антикорупциска

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција информира има непобитни факти, со кои одлуката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе ја обжали на второстепена Комисија.

ДКСК на вчерашната седница информира дека ќе иницира прекршочна постапка за градоначалникот Бочварски за делење огревно дрво на четири социјално загрозени семејства во текот на изборната кампања.

– Во одлуката стои дека не се потврдуваат наводитите оти постојат основи за сомневање за поткуп на гласачи и дека само делумно е прифатена пријавата од опозициската партија. Целосно ја поддржувам работата на ДКСК и драго ми е што конечно една институција, што во изминатите години беше неупотреблива, еве денеска гледаме дека работи и функционира, вели Бочварски.

Тој истакна дека за она што е наведено во одлуката на Антикорупциската комисија има непобитни факти, а решението за доделување огревно дрва за социјално загрозените семејства ги има донесено минатата година.

– Имаме решение, кое е донесено на 12-ти декември 2018 година, далеку пред распишувањето на претседателските избори, со кое се потврдува дека ние како локална самоуправа дрвната маса, што ја имаме добиено од државата од изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, ја користиме за наши потреби. Бидејќи имаме многу мали потреби за користење дрвна маса, со ова решение ја доделуваме на социјално загрозените семејства. Досега само на четири семејства е доделена ваква, една мала количина на дрвна маса, појасни Бочварски.

Смета дека ова решение на Антикорупциската комисија на второстепната Комисија ќе биде побиено со овие факти, но како што рече Бочварски, ги почитува одлуките на државата и ќе постапи како што ќе одлучи второстепениот огран. Тврди дека се што досега има сработено е согласно законите во државата.

МИА/Фото: Фејсбук/Бочварски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска со прекршочни постапки за градоначалниците на Гази Баба и Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

21-годишното момче од Тетово кое почина од Ковид-19 немало никакви коморбидитети, но не реагирало на терапијата

Редакција

Мицкоски: Не сме против пописот, бараме реална статистичка операција

Редакција

Јово Вангеловски нема да биде гонет за непостапување по службена дејност

Редакција