еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Цветници: Кое е значењето на празникот и зошто се слави

Цветници или (Врбица) секогаш е пред почетокот на Страдалната недела, односно една недела пред Велигден, а го означува влегувањето на Исус Христос во Еураслим.

„По воскресението на Лазара од мртвите, мнозина од оние што го видоа овој настан поверуваа во Христа, поради што Јудејскиот суд реши да го убие Христа, како и Лазара. Исус се повлече, оставајќи му место на злото. Евреите пак планираа да го убијат на празникот Пасха.

Тоа му даде доста време да се задржи подалеку. Шест дена пред Пасха, како што е напишано, дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар (кого што го воскресна). Кога беа на трпеза, со него седеше и Лазар. За тоа време неговата сестра Марија излеваше миро на нозете Христови.

Утредента, Исус ги испрати Своите ученици да приведат ослица со мало осле. И оној што за престол го има небото, седнат на осле, влегува во Ерусалим. Децата, пак, еврејски, пред него ги постилаа своите облеки и палмови гранки, а некои носеа и во рацете и го поздравуваа, викајќи: Осана на Синот Давидов; благословен е кој иде во името Господово, Царот Израилев.

Всушност, тие (децата), научени од Светиот Дух, тоа го правеа во слава и чест на Христа, зашто на тој начин тие ја најавуваа Христовата победа над смртта со маслиновите гранчиња. Имено, кај Евреите имаше обичај победителите да бидат пречекувани и прославувани со палмови (врбови) гранчиња.

Но, кога Христос влегуваше, сиот Ерусалим се потресе, како што е речено, и првосвештениците, поттикнувајќи го народот на револт, планираа да го убијат. Што и се случи пет дена подоцна, кога го распнаа на крст, по што тој воскресна“, пишува во Православен календар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијте ја косата по излегување надвор, коронавирусот се пренесува и преку неа

Редакција

(Фото) Нуркачи го бараат 30-годишниот маж, кој исчезна во браната Глажња

Редакција

(Видео+Фото) Пендаровски и сопругата присуствуваа на погребот на кралицата Елизабета Втора

Редакција