еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: Излезноста на гласачите до 10 часот е 6,05 отсто

До 10 часот на првиот круг од Претседателските избори излегле да гласаат 81.869 лица, односно 6,05 проценти, соопшти портпаролот на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска.

Таа додадека дека на гласачките места веќе три и пол часа гласањето тече без некои неправилности.

-Со задоцнуваање од еден час беше отворено едно гласачко место во Општина Боговиње со број 2073. И таму гласањето е веќе почнато и тече без проблеми, а ќе биде продолжено за онолку колку што траеше прекинот.

Едно гласачко место во општина Студеничани 2344 до овој момент се уште не е отворено. Со оглед дека отворањето доцни повеќе од три часа таму гласањето денеска нема да се одржи, соопшти Гугучевска.

МИА/Фото: ДИК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков и Тачи на суд: Завршни зборови на одбраната на „Титаник 2“

Редакција

Зијадин Села носител на листа во шестата изборна единца, Африм Гаши во втората

Редакција

Цела листа: Кои советници на Заев земааат месечни надоместоци и по 1.200, 1.300 и 1.500 евра

Редакција