Во врска со случајот на охридската тврдина, а кој што во медиумите беше презентиран со голема помпозност дека од страна на група посетители Арбреши од Италија било поставено албанското национално знаме, Алијансата за Албанците изразува загриженост во врска со реакцијата на Секторот за внатрешни работи – Охрид, велат од оваа партија.
„Истакнувањето на албанското национално знаме, според информациите со кои располагаме, не било насочено како провокација против никого, туку било дел од сценографијата на групата играорци од Културно-уметничкото друштво на Арберешите.
Истакнувањето на албанското национално знаме на Самуиловата тврдина не претставува ниту законски прекршок ниту опасност за никого, особено кога се знае дека во Северна Македонија, Албанците сочинуваат една третина од населението и се автохтон народ.
За нас како Алијансата, загрижува фактот што кога станува збор за Албанците и нивните национални симболи, со жалење можеме да констатираме дека воопшто не се променило логиката и дискриминаторскиот менталитет, што било карактеристично за југословенскиот комунистички систем и истиот тој менталитет продолжува до денес.
Алијансата за Албанците смета дека овој инцидент воопшто не ѝ помага на државава во нејзината евроатланска определба и го поткопува имиџот на држава аспирант за членство во НАТО и во ЕУ“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Големо албанско знаме поставено на Самоуловата тврдина во Охрид
Фото: Фејсбук/Села