На 29.04..2019 година околу 08.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на улица „Браќа Блажевски“ во Гостивар А.Ш.(45) од с.Градец, гостиварско, изведувајки градежни работи во зграда, паднал од висина од околу 3,5 метри, информира МВР.
По укажаната лекарска помош во Ургентниот центар во Гостивар, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на расчистување на настанот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.