Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) во првите три месеци од годинава се намалени за 1.209.375.000 денари или за 1,8% и изнесуваат 66.848.392.000 денари (околу милијарда евра), соопшти банката преку Македонската берза. Во однос на планот за периодот се пониски за 1,7%.
Обврски по кредити се намалени за 61.951.000 денари или за 6,3%. Во однос на планот за периодот се пониски за 11,8%. Кредитите и побарувањата од банки бележат зголемување од 841.660.000 денари како резултат на зголемени краткорочни депозити во странска валута и се повисоки во однос на планот.
„Вкупните кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 50.956.978.000 денари и бележат намалување од 1,0% во однос на 31.12.2018. Во однос на планот вкупните кредити се пониски за 3,3%, и тоа поради понискaтa реaлизација во делот на кредити на правни и физички лица“, соопшти банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НЛБ Банка ги надминува плановите: За три месеци добивка од 6,6 милиони евра
Петер Зелен си заминува од НЛБ Банка
НЛБ банка оствари добивка од 34 милиони евра