еМагазин
Image default
Е-излог ТОП СТОРИИ

(Галерија) Нова колекција на Parfois, WOW фактор

Сезоната на забави е веќе тука, а Parfois има сè што Ви треба за да имате најдобри и најкул комбинации.

Знаеме колку е тешко да се одберат вистинските парчиња кога се подготвуваме за забава. “Дали сум премногу или премалку дотерана?”, “Што ако и некој друг се облече како мене?” Parfois го има одговорот на овие прашања – бидете креативни и бестрашни и комплетирајте го Вашиот изглед со модни додатоци!

Колекцијата под името WOW фактор нуди неколку елегантни фустани со винтиџ инспирација во жолта и бела боја, како и ултра модерниот тренд неон и нежно розова.

За да ги поврзе сите овие стилови заедно, Parfois создаде колекција накит од сребро 925, деликатни парчиња во сребрени и златни нијанси со бисери и елементи во боја.

Додатоците за коса  се исто така украсени со бисери, а очилата со големи рамки доловуваат вистински Одри Хепберн изглед.

Чантите од рафиа се украсени со монистри и привезоци, додека пак чевлите со и без високи потпетици го комплетираат изгледот со соодветна доза елеганција каква што ви е потребна.

Parfois оваа сезона презентира колекција за сезоната на забави, која е полна со контрасти, винтиџ парчиња со детали кои ќе го направат Вашиот изглед модерен и полн со живот.

Подготвени за забава?

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возило усмрти мечка на патот Гостивар – Охрид

Редакција

Нема политички мотив, тука е обична кражба, велат од Обвинителството за украдениот монитор од бугарскиот културен центар во Скопје

Редакција

Откриено лицето кое преку социјална мрежа му се заканувал на уставен судија

Редакција