еМагазин
Image default
Македонија

Нема никакво поместување за разликите помеѓу власта и опозицијата за иднината на СЈО

Нема никакви поместувања во однос на разликите меѓу власта и опозицијата околу Законот за јавно обвинителство, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска, по завршувањето на новата рунда разговори за клучните прашања од реформата на правосудството.

-За Министерството за правда не е прифатливо внесување на одредба во законот што ќе значи скриена амнестија, рече Дескоска од хотелот „Мериот“, каде треба да се оддржи конференција за борба против корупцијата.

Главните разлики се идниот статус и функционирање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите, односно двете страни најмногу спорат за членот 105 од законот што го регулира продолжувањето на постапките и судбината на доказите од прислушкуваните разговори.

Договорот за овој закон е еден од условите за добивање позитивен извештај на Европската комисија.

Следната средба на работните групи е закажана за в петок.  

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Затвореници во штипскиот затвор се затвориле во просторија бидејќи им биле одземени мобилни телефони

Редакција

Остро предупредување од потпретседателот на Европската комисија до Македонија за Договорот од Преспа

Редакција

Со Уредба Владата го одложи извршувањето на казна затвор за лица осудени до три години

Редакција