еМагазин
Image default
Да помогнеме

Мими распродава лични предмети бидејќи не може да си дозволи здравствен преглед

Деновиве на социјалните мрежи се споделува пост од Мими која распродава лични предмети за да може да си направи здравствен преглед.

Нејзиното писмо го пренесуваме во целост:

„Почитувани пријатели, вообичаено оваа социјална мрежа ја користам за да Ве забавувам со своите досетки, често на своја сметка, со моите фотографии како и по некој трошен стих кој е напишан со срцето, а изнедрен од длабочините на мојата душа. Овој пат, мојот пост е всушност апел за помош. Досега, кога можев и колку можев помагав. На луѓе, животинчиња, сеедно. Тука бев, се надевам и ќе бидам и понатаму, за сите. Но сега се надевам некој ќе биде тука за мене.

Од Нова Година наваму, веќе скоро секој ден сум на релација матичен, брза помош и болница. Што ми е никој не знае. Колку доктори толку дијагнози. Најинтересни ми се оние од типот ова ти е на база на стрес, не јадеш доволно, да не имаш проблеми на љубовен план и слични дијагнози кои најчесто се вадат од ракав кога докторот е незаинтересиран или нестручен посериозно да се позанимава со тегобите на пациентот.

А јас секој ден имам трнење на левата страна од телото, заборавам повеќе од мајка ми која има Алцхајмер, концентрацијата ми е на нула, имам потешкотии при говорот, проблеми со рамнотежата иако веќе неколку месеци примам лекраства за таа намена, а последниве два месеца имам и чести неконтролирани движења на левата нога.

Направивме компјутерска томографија, но докторите сами меѓусебе не можат да се согласат дали е се во ред или не. Едни велат добро е, а други забележуваат промени во вид на сенки во пределот на левата хемисфера. Упат за подетални снимања никој не дава, бидејќи како што пишав и погоре симптомите ги препишуваат на нервоза и паника, како и на мојата агорафобија, депресија.

Секаде каде што можев се обратив за помош. Прво кај докторите. Таму секој специјалист топката ја фрла на друг и така еве веќе пет месеци, а моето тело е истоштено и истрошено, вените ми се направени партал од инфузии, разно разни крвни анлаизи кои се од уредни поуредни, дури јас секој ден се повеќе тонам.

Бев и кја господинот градоначалник, а таму ми рекоа дека можеби ќе ми биде пружена еднократна парична помош во висина од 1.500-3.000 денари која не е доволна ниту за специјалистички преглед во приватна здравстена установа. Од државните веќе видов, фајде нема. Да бев куче на запад ќе добиев подобар третман од овој што го добивам како човек во својата земја.

Бидејќи јас како невработена личност и моите родители како пензионери со пензии во висина од 200 евра немаме средства да отидеме до приватна клиника и таму да ги направиме потребните испитувања (магнетна резонанса, еег, емг) и да се консултираме со специјалист невролог, решив да ја продадам мојата колекција од неколку часовници, како и книги, за да си овозможам соодветен третман и конечно да дознаам што го уништува и јаде моето тело.

Мојата молба до Вас е, доколку имате некој пријател или познаник, пријател на пријател кој би бил заинтересиран за рачни часовници или класици од светската литература да му соопштите, за да можам да ја соберам потребната сума за клиничките испитувања кои ми се неопходни.

Кој е заинтересиран за предметите што се на продажба може да ме контактира тука на фб или на мојот тел. бр. 075 787 801, користам Viber.

Ви благодарам на одвоеното време за читање на овој мој обемен и нималку пријатен за читање статус, како и за верувам несебичната помош која ќе ми ја пружите.

Со почит,

ваша Мими

На продажба се следните часовници:

Festina 16177/8 Tour Chrono

Zeppelin 7680M-1

Nivada Grenchen Taravana

Darwil Special Flat Luxe 67

Darwil 7012

Tissot PR50

Vostok Amphibia

Телефон BlackBerry Q5

Таблет Nextbook 8″

Комплет дела на македонски со тврд повез од Толстој, Достоевски и Шекспир на македонски јазик, како и други дела од познати автори на српско-хрватски јазик“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СОС Детско село и оваа година ќе го исполни Скопје со љубов преку „Место со срце“

Редакција

На Јованка Атанасовска ѝ се потребни 10.000 евра за да се лечи од мултиплекс склероза во Ниш

Редакција

Хуманитарна акција на Sport Life: Навиваме заедно за Македонија

Редакција