еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска со прекршочна за пратеничката Ковачев

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе покрене прекршочна постапка против пратеничката Тања Ковачев која не го запазила периодот од 30 дена за да достави известување за вработувањето на нејзиниот сопруг Дејан, во АД Аеродроми, беше заклучено на денешната седница на комисијата.

ДКСК ги разгледуваше и случаите за вработување на сестрата и на зетот на пратеничката Ковачев.

Нејзината сестра Катерина Јакимовска била вработена во УЈП, преку Агенција за времени вработувања, а зетот Бобан Јакимовски во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

На истиот начин во УЈП преку Агенција за времени вработувања е вработена и Катерина Котевска, сопруга на директорот на затворот – Шутка Ѓоко Котевски, како даночен контролор.

Комисијата ќе побара од Владата и од директорката на УЈП да се преиспита постапката за вработување, со оглед на тоа што на истиот начин преку Агенција за времени вработувања се вработени дури 36 лица.

ДКСК бараат да се прекине со вработувањата во јавниот сектор преку Агенциите за времени вработувања, бидејќи како што констатираа се остава сомнеж аа влијанија, за политички вработувања, а создаваат и не фер конкуренција.

Комисијата ќе продолжи да го испитува случајот со вработувањето на  Жанко Симевски, в.д. директор на Здравствената установа во Македонски Брод. Тој трипати последователно, без распишан јавен оглас е поставен на тоа работно место, од страна на министерот за здравство, како негово дискреционо право.

Заменик претседателот на ДКСК, Нури Бајрами оцени дека во овој случај се работи и за злоупотреба на службена должност од страна на министерот за здравство, додека пак Софија Дојчиновска, член на комисијата смета дека се работи за сериозно кршење на Законот и е сериозна појава и во други области.

На седницата беа затворени како застарени случаите за вработувања во општина Лозово, а поврзани со екс градоначалникот на Општината, како и вработувања во ОУ „Гоце Делчев“ во општина Василево, за кои ќе бараат надлежниот инспекторат да ја преиспита целата постапка.

Антикорупциска ќе бара и од јавното обвинителство во Гостивар информација до каде е предметот со поранешниот градоначалник на Општина Кичево, Владо Коруновски, кој е во роднински врски со пратеникот Антонио Милошоски.

Инаку, информираа од Антикорупција, од 2003 година досега имаат покренато над 160 иницијативи за кривично гонење. За подетални информации најавија следната седница, за тоа колку од нив се затворени, се во постапка или не се започнати.

Од ДКСК се пофалија дека врз основа на покренатите 29 прекршочни постапки платени платени налози се во висина околу 220 илјади денари средства кои одат директно во државниот буџет.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска: Иванов се уште не платил за прекршочната

Антикорупциска ја прекинува постапката против министерот Манчевски

Антикорупциска нема да постапува за вработувањето на шурнајката на министерот Бектеши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште 1 лице поврзано со Клиника за кожни болести заразено со коронавирусот

Редакција

Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков, тврди и дека Муцунски одбил средба со неговиот колега

Редакција

Поднесените оставки на ДУИ да станат неотповикливи и да одиме на брзи избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција