еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ЕВН го поттикнува интересот кај идните средношколци за техничките науки

ЕВН традиционално ја поддржува манифестацијата „Денови на електротехниката“ коja се одржуваат во просториите на СЕТУ „ Михајло Пупин“ од Скопје. Над 100 ученици од 30 основни училишта од Скопје ќе се дружат и натпреваруваат со знаењата од областа на техничките науки.

Љубовта кон техничките науки се креира уште во детството, затоа нашата цел е да се поддржат проектите каде што најмладите и идните средношколци ќе може да ја почуствуваат магијата и моќта на техниката, изјави Харалд Дамарер управител на Електродистрибуција.

„Со сите наши активности кои се во насока на поддршка на образованието, ние всушност се грижиме за иднината на енергетиката во Република Северна Македонија и за идните генерации електричари и инженери. Компаниите имаат потреба од квалитетно образован и креативен кадар во техничките науки, а на Вас младите овде Ви треба поддршка, партнерство и јасни патокази за една светла иднина“, посочи Дамарер на отворањето на деновите на електротехниката.

Натпреварот ќе се одржи на принцип на решавање тест по наставниот предмет Физика за деветто одделение, на теми од областа на електротехниката. Најдобрите три екипи од основните училишта ќе се пласираат во финалниот натпревар на знаење од областа на физиката и електротехниката.

Најдобрите ќе бидат наградени со вредни награди, а сите учесници ќе имаат можност да го посетат и изложбениот центар на ЕВН во Матка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милчо Манчевски во жири со Изабел Ипер и Абел Ферара на Филмскиот фестивал во Кина

Редакција

Благодарници од Сојузот на здруженија на пензионери за Клиника Жан Митрев

Редакција

Поништено незаконското решение со кое Општина Битола се обиде да го присвои планинарскиот дом Копанки

Редакција