На 22.05.2019 година во 02.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ловќенска“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „Сеат Леон“, сопственост на „Порше Лизинг“, информира МВР.
Од пожарот било зафатено и патничко возило „Пежо Партнер“, сопственост на „Ник Авто“. Во 03.15 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.