еМагазин
Image default
Локално

Се запали автобус на граничниот премин „Табановце“

Автобус со новосадски регистарски ознаки се запалил на граничниот премин Табановце попладнево околу 16 часот, потврдија од СВР Куманово.

Патниците веднаш биле евакуирани, а на терен пристигнала и противпожарната единица од Куманово. Не се познати причините за опожарувањето на автобусот.

Екипи на територијалната противпожарна единица Куманово со две возила успеале да го изгасат пожарот.

– Пожарот е локализиран, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Увид се уште вршат увидни екипи на СВР Куманово.

Од Граничниот премин Табановце, информираат дека нема застој и сообраќајот се одвива тековно.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата затекла велешанец како краде автомобил и го привела

Редакција

Тепачка во Арачиново: Повредено 24-годишно момче

Редакција

18-годишник од Делчево потрошил над 7.500 евра од картичката на дедо му

Редакција