Започнаа активностите за изведба на нов парк во скопски Карпош, во близина на Градскиот парк (стар влез), под бул. „8 Септември“, на површина од 4.000 метри квадратни, информираше градоначалникот Стефан Богоев.
„Во паркот ќе има новопроектирани високи и цветни дрвја, висока декоративна трева, грмушки, високо заштитно зеленило, цветни, перени и луковици.
Покрај разновидното зеленило и фонд на дрвја, паркот ќе биде збогатен и со други содржини: детско игралиште, како и оградено место за домашни миленици. Овој парк е донација од компанијата „Хорти Експерт МК“ и истиот ќе биде завршен на почетокот од август“, вели Богоев.
Фото: Општина Карпош
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.