Македонските вина ќе можат да се промовираат во Хрватска со нивните географски називи.
Проблемот со пласманот кој неодамна се појави поради спорните одредбите од новиот Закон за вино на Република Хрватска, кои имаа рестриктивен карактер кон вината со потекло од Република Северна Македонија, преку комуникација со хрватските власти, успешно е надминат, информираше Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Во решавањето и надминувањето на проблемот учествуваа и претставници на Европската Комисија. Најзасегнати од овој проблем беа винарските визби кои извезуваат вино во Република Хрватска.
Имено, на истите им беше забрането во било која форма да го рекламираат и промовираат виното од РС Македонија се географските називи на истото. Ваквите рестрикции ќе предизвикаа намалување на продажбата во маркетите, кои постоеше реална опасност да престанат да го набавуваат македонското вино“, се вели во соопштението.
Со брзо надминување на проблемот винарските визби повторно го нормализираа своето работење, односно продажбата на вина на пазарот во Хрватска, пред почетокот на летната туристичка сезона кога има и најголема побарувачка за вино.