На 16.06.2019 година околу 04.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на стрелиште во населбата „Бејбунар“ во Охрид избувнал пожар кој ја зафатил просторијата за гаѓање како и дел од две други помошни простории, информира МВР.
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.