еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

До крај на јули треба да се донесе Закон за донирање на вишок храна: 30 проценти од храната се фрла

Денеска најголемите 50 компании во државата имаа можност да присуствуваат на донаторската конференција која се одржи во Скопје Мериот хотел. Присутните претставници на најголемите компании можеа да слушнат предлози за општествените придобивки од донирањето храна за целокупниот поредок.

Настанот го отвори Блаже Јосифовски, претседател на „Сите сити“ со свое видување за состојбата во државата и како може големите компании да помогнат во намалување на проблемот со гладот и преголемото фрлање храна.

Останати говорници на настанот премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски како и претставници на бизнис секторот.

„Со иновативниот модел „Сите сити“ преку вложување на искрена енергија се поттикнуваат позитивни промени во општеството. „Сите сити“ со поддршка на Владата на РСМ се овозможува креирање на нов систем за помош за оние наши сограѓани кои имаат реална потреба. Системот се заснова на поефикасно искористување на сите вишоци храна што во моментот, за жал се фрлаат.

Во Македонија 30% од храната се фрла што ја става на високото осмо место во светот на земји кои фрлаат храна според бројот на жители.

Работевме многу да направиме законски основи и да ја поддржиме изградбата на систем за да се зголеми пристапот на граѓаните до квалитетна храна.

Системот „Сите сити“, е добар пример како може да се работи заедно – граѓанскиот сектор, бизнисите и Владата за подобрување на состојбата на граѓаните. Затоа, се апелираше во функционирањето на системот да се вклучуваат и други субјекти од оние кои сега се во него, со цел да се зголеми неговиот капацитет и да се опслужат што повеќе граѓани на кои им е потребна храна.

Заедно стигнавме до моментот во кој се наоѓаме сега. Горд момент во кој очекуваме до крајот на јули да се донесе Закон за донирање на вишок храна, додека „Сите сити“ со поддршка на Министерството за труд и социјална политика и Фондот за иновации, пилотираат модели, кои имаат потенцијал да прераснат во Програма, која би дала системска одржливост на нивните напори за помош на илјадници социјално загрозени граѓани ширум земјата.

За да биде моментот уште подобар, „Сите сити“ со поддршка на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, работи на изработка на Стратегија за превенција на отпадот и загубите од храна,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повисоки трошоците за храна и туристички аранжамани

Редакција

Доматите и краставиците ќе поскапат, ќе се ревидираат замрзнатите цени на 11-те видови овошје и зеленчук  

Редакција

Инфлацијата ќе достигне 3,1% и ќе се намали на 2,2 следната година, предвидуваат од ММФ

Редакција