Главниот и одговорен уредник на Телевизија 24, Огнен Јанески се повлекува од функцијата.
„Сакам да ве известам дека поради лични (приватни) причини одлучив да се повлечам од функцијата „главен и одговорен уредник“ на Телевизија 24.
Одлуката ја донесов во текот на минатиот месец. Донесувањето на одлуката е исклучиво лична, поради приватни причини, а со менаџментот на телевизијата имавме неколкучасовен разговор во кој разговаравме за иднината на телевизијата, при што ја испочитуваа мојата одлука да се повлечам од функцијата.
Не си одам од медиумот, туку останувам да си работам на своите претходни работни обврски како уредник и водител на емисии, при што веќе имаме планови со новитети за на есен, но, за тоа повеќе тогаш.
Благодарност до сите колеги/шки и (ин)директни соработници/чки кои во изминатиот период ги поддржуваа одлуките кои заеднички ги носевме во насока на уште поголемо приближување до гледач(к)ите.
Благодарам и на довербата на гледач(к)ите, особено на тие кои со своите совети, предлози и критики постојано не’ надградуваа во напорите за зачувување на најголемата наша цел – довербата кон вас, кој останува наш приоритет“, извести Јанески на неговиот фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Огнен Јанески е новиот главен и одговорен уредник на телевизија „24“
фото: Фејсбук/Јанески