ЈП „Паркови и зеленило“ објавија фотографии од украдено цвеќе од цветните леи во Градски парк.
„Апелираме, укажуваме, молиме, поправаме, расчистуваме, обновуваме и повторно уништено и украдено цвеќе од цветните леи во Градскиот парк. Толку ли не си го сакаме својот град што постојано тежнееме да го лишиме од она што е убаво?
Или можеби станува збор за недоволна едукација на младите, чии раце би требало да изградат посветла иднина и пријатна животна средина.
А и за што друго ни се дадени рацете ако не за да и дадеме вредност на Земјата и да оставиме зад себе нешто добро и убаво?!“, велат од „Паркови и зеленило“.
фото: Фејсбук-профил на ЈП „Паркови и зеленило“
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.