еМагазин
Image default
Локално

Директорка на училиште вработила наставник без соодветно образование

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(51) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информира МВР.

Во текот на јануари 2019 година пријавената, како директор на СОУ „Крсте П. Мисирков“ во Демир Хисар, на оглас за вработување на наставник за стручни предмети од шумарско и дрвопреработувачката струка, избрала кандидат кој немал соодветно образование.

По ова, на 01.02.2019 година, во Агенцијата за вработување, избраниот кандидат го пријавила за работно место кое не било не било наведено во конкурсот. Со ова, пријавената му овозможила на Б.Б.и да се стекне со противправна имотна корист од 140.977 денари на штета на Буџетот на РС Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Аква-паркот во Скопје почнува со работа во петок

Редакција

„Маргини“: Инцидентот со девојчето е резултат на долгогодишно игнорирање на насилството во училиштата

Редакција

Охриѓанец сакал со возило да влезе во казино на „Партизанска“

Редакција