еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Силниот ветер низ Македонија оштети покриви, урна дрвја, предизвика пожари

Силниот ветер во изминатоти деноноќие предизвикал повеќе видови штети и три пожари на отворено, објави Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според добиените писмени известувања од Регионалните центри за управување со кризи и од другите субјекти од Системот за управување со кризи, вкупниот број на повици за итни случаи на 112 во ЦУК изнесува 1.590, што е речиси двојно повеќе од вообичаениот просек за едно деноноќие.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека во 13.45 часот е добиена пријава за паднат дел фасада и можна опасност да падне уште еден дел на ул. „Димитрие Чуповски“ (кај „Табако Жак Мар“), во близина на Министерството за правда. За ова ситуација известени се Општина Центар и Полициската саница во Центар („Беко“) за нивна понатамошна постапка.

Исто така, поради силниот ветер што го зафати подрачјето на Град Скопје во текот на денот имало пријави за паднати дрвја на шест локации во градот, како и еден случај на падната канделабра, при што во четири има пријава за оштететни автомобили. Има и пријави за оштетена куќа и оштетени покриви од куќа и оштетен покрив од зграда.

Сите овие пријави од страна на РЦУК Скопје се веднаш проследени до надлежните институции односно, општините во Град Скопје, како и до јавните претпријатија и надлежни АД во Градот, за превземање на нивни понатамошни постапки.

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека околу 11.30 часот, подрачјето на Општина Струмица било зафатено со силен ветар, поради што имало пријави за паднати лимени покриви на три локации, како и четири пријави за паднати дрвја.

Пожарникарите интервенирале врз три пожари на отворено, а паралелно со тоа и на други урбани. Регионалниот ЦУК – Велес, известува дека пожарникарите од ТППЕ Неготино, од 13.10 до 14.10 часот, со два пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација кај „Винарија Фонко“ во месноста „На Куријски Пат“. Пожарот настанал од паднат кабел на далекувод во Општина Неготино.

Регионалниот ЦУК – Куманово, известува дека ТППЕ Куманово, од 16.55 до 18.15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во околината на с.Черкезе, а РЦУК Скопје, известува дека БППЗ на Град Скопје, имала една помала брза интервенција на отворено заради запалени картони, што заради ветрот претставувале опасност и за околината.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Кривична пријава против 10 прилепчани кои тепаа полицајци

Редакција

Шестмина тепале битолчанец на улица

Редакција

55-годишна жена приведена за лажна дојава за поставени бомби во училишта

Редакција