На 05.07.2019г. во 12.45 часот во Полициската станица Центар од полициска службеничка од СВР Скопје на Кеј Димитар Влахов, под мостот „Око„ бил приведен Б.Ш.(44) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин’’, информира МВР.
На 05.07.2019г. во близина на Соборниот Храм во Скопје Б.Ш. извршил дрска кражба и почнал да бега. При бегството во близина на Влада на РСМ на кејот на река Врадар бил забележан од полициската службеничка, но Б.Ш. скокнал во реката по што со цел да не избега по него во реката скокнала и полициската службеничка која пливајќи успеала да го стигне и приведе на другата страна од реката во близина на зградата на Основното јавно обвинителство.
На социјалните мрежи се појави и видео од акцијата:
Е ова е ХРАБРОСТ !!!БРАВО !!!МВР бидете горди на ваквите вработени !Девојката скокна во Вардар, препливувајки ја реката бркајки го крадецот, па се до неговото фаќање.БРАВО ДЕВОЈКО…БРАВО ИНСПЕКТОРКЕ, НЕВЕРОЈАТНА СТЕ !Е ОВА Е ХРАБРОСТ ! БРАВО КОЈА И ДА СТЕ !ЦЕЛИОТ НАСТАН ГО СНИМИВ И АПЕЛИРАМ ДО НАРОДОТ ЗА ПОГОЛЕМА ВНИМАТЕЛНОСТ !
Posted by Ведрана Македонска on Петок, 05 јули 2019
Видео: Ведрана Македонска