еМагазин
Image default
Бизнис

Авион на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул не можел да слета во Скопје поради облаци

Авион на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул вчера не можел да слета во Скопје поради густите облаци.

Од М-НАВ информираат дека поради лошите временски услови над скопскиот аеродром односно поради појава на кумулонимбусни облаци спомнатиот воздухоплов не можел да слета и по одлука на пилотот воздухопловот се вратил на аеродромот на поаѓање Истанбул.

Од М-НАВ велат дека не се точни информациите објавени во дел од медиумите дека воздухопловот се обидел да слета пет пати.

„Видно и од траекторијата која е дадена во прилог на написите кои излегоа низ медиумите покажува дека воздухопловот кружел, чекајќи да се создадат поволни временски услови за слетување на скопскиот аеродром, но бидејќи истите не се создале донел финална одлука да се врати на истанбулскиот аеродром.

Во вакви случаи, кога поради неповолни метеоролошки услови воздухопловот не може да слета на саканата дестинација, одлуката за тоа каде и кога ќе слета воздухопловот е исклучиво на компанијата и на пилотот кој е одговорен за безбедноста на летот и патниците во него.

Од страна на Контролорите на летање кои биле на должност, била дадена максимална поддршка и било постапено согласно барањата на посадата“, велат од М-НАВ.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Кристал 1923“ оствари добивка од 17,1 милиони денари за девет месеци

Редакција

НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните картички

Редакција

Во ноември 89% од потрошената струја е од домашни извори

Редакција