еМагазин
Image default
Балкан

Српски парламентарец тврди дека Вучиќ го шпионира разузнавачка група сместена во авто-салон во Скопје

Претседателот на српскиот парламентарен одбор за Косово и Метохија, Милован Дрецун во интервју за српски „Курир“ тврди дека силен разузнавачки тим формиран пред два месеца работи на блокирање на компромисно решение меѓу Белград и Приштина.

Според него, тимот го сочинуваат разузнавачи од Бугарија, Албанија, Македонија и Германијa, а е „маскиран“ во авто-салон во Скопје.

“Се води јака кампања во некои соседни држави против постигнувањето било какво компромисно решение, Македонија станува центар за силно разузнавачко дејствување против интересите на Србија. Секое постигнување компромисно решение е темелен столб за стабилизација на овој регион, а непостигнување компромис меѓу Белград и Приштина е подготовка за нови судири во регионот и создавање „Голема Албанија““, тврди Дрецун во интервјуто за Курир.

Тој смета дека нивната цел е да ѝ наштетат на Србија.

“Што можат тие да работат освен да собираат информации и да шират дезинформации. Тимот не е формиран да ги штити нашите интереси, туку да работи спротивно од нив. Тоа не е наивно, можат да изведат некоја медиумска или политичка диверзија, дури и да предизвикаат судир“, вели тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грците наместо 300 евра, ќе плаќаат 500 евра ако ги прекршат мерките за Ковид-19

Редакција

Коѕијас смета дека нема никаков проблем со тајните фондови во грчкото МНР

Редакција

„Драма“ во Независни Грци за пратеникот Папахристопулос, кој треба да го отстапи пратеничкото место

Редакција