еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото) Будва – бисерот на Јадранот една од најпопуларните летни дестинации оваа година!

Пристигна летниот одмор! По долгите денови поминати на работа или училиште, конечно пристигнаа денови за опуштање и  забава. Одморот е важен бидејќи на него се зајакнува чувството на семејна припадност и се зголемува блискоста и поврзаноста помеѓу членовите на семејството.

Изборот за каде да се помине летниот одмор не е лесен! Зошто оваа година да немаме одмор кој ќе остане засекогаш во нашите сеќавања? Токму Будва и Будванската ривиера нуди неодоливи можности, што последниве години ја прави една од најпопуларните туристички дестинации во Европа.

Медитеранскиот брег, познат по убавите песочни плажи, средновековниот дух и архитектура и мирис на Јадранското море, целосно се чувствуваат во овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: таа е една од најстарите населби на Јадранското море, стара повеќе од 2500 години. Сместена е на мало полуострово, заштитена со дел од црните црногорски планини.

Будва е бисер на Јадранот и центар на медитеранскиот туризам. Таа е место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура.

Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. “Будванската ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради кои се доаѓа во оваа престолнина на црногорскиот туризам.

За поактивен ден на плажа, Будванската ривиера нуди широк спектар на активности како: нуркање, скијање на вода, истражување на бреговите со брод, прекрасна храна и многу повеќе.

Повеќе на budva.travel

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Центар организира хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Редакција

Каков имот пријавил Арбен Таравари, новиот министер за здравство

Редакција

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ е должен да ги отстрани спорни елементи во статутот и програмата

Редакција