еМагазин
Image default
Македонија

Владимир Панчевски суспендиран, Јово Вангеловски „преживеа“

Поранешниот судија на Кривичниот суд Владимир Панчевски, кој е обвинет за местење судски предмети, денеска е суспендиран од Судскиот совет.

Советот не одлучуваше за разрешувањето на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

„На денешната седница е донесена одлука за времено оддалечување од вршење на судиска функција на еден судија, а  одлучувано и за одложување на расправа по барање на член на Судскиот совет на РСМ, во врска со извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд“, соопшти советот.

Советот утврдил престанок на судиската функција на Ленка Соколовска, судија на Основен суд Куманово поради исполнување на услови за старосна пензија, а констатиран е престанок на функцијата судија-поротник на Основниот кривичен суд – Скопје на Стојанка Стојановска од Скопје, исто така поради исполнување на услови за старосна пензија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството изврши претрес во ДИК и ја одзеде тендерска документација за софтверот кој беше хакиран

Редакција

Нови 758 случаи на Ковид-19 од 2.562 тестирања

Редакција

Пресудата на 5 јуни: Конечно се одржаа завршните зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција