еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски на средба со Касами: Се формира ли поширок опозициски фронт?

Заедно со генералниот секретар Игор Јанушев остваривме средба со претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами и генералниот секретар Арјанит Хоџа, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук-профил.

„На средбата разговаравме за актуелната политичка состојба, за стратешките интеграции на Република Македонија, како и искористувањето на потенцијалите за соработка.

Беше констатирано дека актуелната власт ги има закочено интеграциските процеси кои треба да се динамизираат со крупни реформи кои досега не се реализирани.

На средбата беше посочено дека останува акутен проблем постоењето на корупција на високо ниво, отворените сомнежи за криминал на раководни структури на власта како и сериозни аномалии и отсуство на волја за воспоставување на владеење на правото и правната држава.

Беше договорено во иднина да продолжат ваквите средби во насока која ќе дадат импулс во јакнење на демократскиот амбиент и заедничката борба против актуелната власт“, соопшти Мицкоски.

Фото: Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се кандидатите: Почна изборот на нови членови на Антикорупциската комисија

Редакција

„Џамбаски можеби мислел на 3.000 Бугари кои живеат во Македонија,“ вели Османи за провокацијата на бугарскиот европратеник

Редакција

Официјално е постигната коалиција меѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива

Редакција