еМагазин
Image default
Македонија

Алијансата за Албанците до Хан: Испратете ни обвинител од ЕУ за сериозно да се бориме против криминалот и корупцијата

Aлијансата за Албанците е заинтересирана за реални и вистински реформи во правниот систем и дека ова првично треба да се направи со именување на обвинител од земјите на ЕУ кој ќе може да ја врати изгубената доверба во судскиот систем, велат од таму.

„Не треба да се обвинуваат одредени држави во ЕУ поради тоа што не сме добиле датум за преговори бидејќи судбината на членството на земјата во Европската унија е во наши раце и лидершипот треба да сноси одговорност за тоа.Последен момент е судскиот систем да се реформира, така што судските органи да бидат слободни да осудуваат политичари кои го прекршуваат законот.

Алијансата за Албанците навреме го алармираше неуспехот на судските реформи и, следствено, недобивањето датум за започнување преговори. Алијансата за Албанците ќе ја поддржи секоја иницијатива со која ќе почне спроведувањето на  реформите во правосудниот систем. Го повторуваме уште еднаш  ставот дека на чело на СЈО треба да биде назначен обвинител од некоја од државите на ЕУ, бидејќи ова е последната шанса за правдата“, се вели во нивното соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хан: ЕУ да го испорача ветеното, а вие да продолжите со реформите

Фото: Села/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ достави забелешки на 120 страници за законот за СЈО

Редакција

Мицкоски: Владата да го покаже документот за кој преговара со Бугарија

Редакција

Вкупно до сега 3.340: Починаа 21 лице од Ковид-19

Редакција