Водителите на „Утринска на Телма“ информираа дека се укинува нивната емисија, а едeн од нив, информацијата ја дознал на годишен одмор.
„Најдраги наши пријатели, другари, почитувачи на нашата работа и на сето тоа што го правевме во изминатите 3 години сакаме да ве известиме дека “Утринска на Телма“ од септември нема да оди во етерот. Причините се познати на менаџментот и управата на Телма телевизија.
Како и да е, сакаме да ви заблагодариме за целата поддршка и љубов што постојано ја добивавме од вас. За сите заеднички кафиња наутро, за целата прекрасна енергија која взаемно си ја праќавме, за насмевките и убавините поминати во 4 часовното шоу во живо.
Ние ќе наздравиме за сите вас, ќе ви посакаме да сте и понатаму така прекрасни и среќни, а со нас се гледате во некоја друга форма без разлика дали телевизиска или поинаква.
Со почит и многу љубов вашите утринци: Елена, Гоце, Марко и Цеце.
П.С. Секако огромна благодарност и до целиот тим што работеше и зад камерите, во монтажа, во режија и гостите кои безрезервно и со цела душа и енергија доаѓаа во нашата емисија“, се вели во информацијата на Фејсбук.
„Утринска на Телма“ беше една од најпопуларните забавни емисии со интересни гости, забавен концепт и обработување на темите на поинаков начин.
фото: Фејсбук/ Утринска на Телма