еМагазин
Image default
Македонија

Ременски: Немам ништо против Обвинителството да ја испита мојата функција во невладината на Боки 13

Потпреседателката на Собранието, Фросина Ременски се огласи на Фејсбук по шпекулациите за нејзина инвловираност во случајот на Јавното обвинителство, „Рекет“.

„Немам ништо против (напротив!), ОЈО за организиран криминал и корупција да испита каква е мојата почесна функција во невладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13). Стојам на располагање да им појаснам се што ги интересира, или за се што имаат дилема.

Секое ставање на моето почесно членство во невладина организација во контекст на актуелниот случај „Рекет“ е очајнички обид на „државнички поставената опозиција“ да фрли партиска боја на случајот, кој треба/мора да добие разрешница, без навивање од партиски трибини и трибуни.

Со име и презиме стојам зад сите мои постапки кои се позитивни, одговорни и законити, до степен што многу често (до ден денес) пречеле на многумина.

Политичката култура и етиката не ми дозволува да делам лични квалификации, лекции за добро однесување и одговорност за дифамацијата, хибридната етика и субверзивната пропаганда. Тие лекции ќе добијат друга форма, пак со име и презиме.

До следниот прес, ВМРО-ДПМНЕ нека го истражи и моето почесно членство во Независниот синдикат на полицијата…, и таму зборувам и имам слики“, пишува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катица Јанева ја форматираше државата

Катица Јанева не поднела писмена оставка, усната не важи

Во „изгубениот“ мобилен телефон нема ништо, Катица го форматирала

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охрид има рок до февруари да се справи со дивоградбите, ако не УНЕСКО ќе го стави на листата на загрозени подрачја

Редакција

Денеска и утре во Охрид и Отешево: Високи претставници од Европа и САД на „Преспа форумот за дијалог“

Редакција

Тачи: Владата нема да падне, ќе има нови министри

Редакција