еМагазин
Image default
Локално

(ВО ЖИВО) На ГП „Богородица“ и „Табановце“ се чека од 10 до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, освен на „Богородица“ каде времето на чекање е од 10 до 20 минути.

На „Табановце“, пак, се чека од 15 до 30 минути, соопшти АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Состојбата на граничните премини може да ја следите во живо ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четиригодишно девојче питачело и тешко се рзболело: Мајката од Струмица осомничена за малтретирање

Редакција

Подмолно му ја украл пензијата од раце на скопјанец

Редакција

(Фото) Приведен дилер во Влае: Продавал од „убавото“

Редакција