еМагазин
Image default
Локално

Девет лица приведени за дрога, помеѓу нив и полицаец

Вкупно осум лица се приведени за дрога во три полициски контроли завчера и вчера на наплатата станица на автопатот  Тетово – Гостивар.

Шест лица од Скопје, во две одделни контроли, се приведени вчера во период од два часа, помеѓу 20 и 22 часот, откако кај нив биле најдени наркотични средства, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 20.15 часот полициски службеници од Гостивар лишиле од слобода двајца жители на Скопје. Кај К.Н (27) и Б.Д.(23) биле пронајдени марихуана и кокаин. Два часа подоцна, околу 22 часот, на истата наплатна станица лишени од слобода биле И.М.(29), И.А.(33), Г.М.(32) и Л.Н.(32), сите од Скопје. При извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана, соопшти МВР.

Претходниот ден, на 1 август вечерта, пак, гостиварските полициски службеници привеле и нивни колега од Градец. Тој е лишен од слобода поради истите основи за сомнение, со оглед дека кај него и кај уште едно лице бил најден кокакин.

– Околу 19 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево полицајците при извршен преглед кај лицата В.Р.(38) од село Градец, Гостиварско, и кај  Ѓ.Ф.(47) од Гостивар нашле кокаин, информираат од МВР.

Сите приведени лица во Полициската станица Гостивар се задржани за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сакал да прошверцува куршум во јакна во затворот во Скопје

Редакција

Притвор за лицата кои од банкомат во Гостивар украле 1,8 милиони денари

Редакција

Воз удрил во маж кај железничкиот мост на Маркова Река, починал на лице место

Редакција